Италијанката Марсела Хазан, која работела како готвачка и писателка во Америка, го приготвува најубавиот сос од домати, пишуваат американските кулинарски списанија. Таа вели дека тајната на сосот е во едноставноста. Тој може да се користи за тестенини, но и за пица.
Потребни состојки:
3 домати
1 кромид
Путер и малку сол
Начин на подготовка:
Во лонец ставете половина кромид, без сечкање, додадете путер и варете кратко. Додадете пелати домати и гответе на средна температура 45 минути. Кромидот и останатите состојки не треба да ги сечкате. Само ставете ги заедно да се варат и вкусовите да се измешаат. Кога ќе се сварат, изматете ги во блендер.