Потребни состојки:
4 поголеми јаболки
3 шолји брашно (шолја од 200 мл)
2 шолји шеќер
1 шолја масло
2 лажички сода бикарбона
сок од 1/2 лимон
4 лажички цимет
една до две дланки сечкани ореви
Начин на подготовка
Јаболките исечете ги на коцки и додајте во садот во кој сте ги измешале сите состојки. Смесата истурете ја во поголема тава, покриена со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 200 степени. Оставете да се пече околу 20 минути. Топлиот колач наросете го со шеќер во прав или намачкајте со џем од кајсии и наросете мелени ореви.