Таратур со ореви

Потребно е:

5-6 чешниња лук

100 г исчистени ореви

околу 50 мл масло

1 кг кисело млеко

1 краставица

сол

1 лажица оцет

Подготовка:

– Во аван ставете ги исчистените ореви, лукот и малку сол и истолчете ги со дрвен толчник со повремено додавање масло додека да добиете бела смеса.

– Во смесата додадете ги киселото млеко, оцетот и на крај краставицата исечкана на мали коцки. Убаво измешајте. Пред да го послужите таратурот убаво изладете го во фрижидер.

Scroll to Top