Торта „Тропикана“ со ананас и кокос

Потребни состојки:

За кората:

180 грама брашно
280 грама шеќер
2 лажички сода бикарбона
2 конзерви ананас
2 јајца
40 грама кокос

За филот:

250 грама маскарпоне сирење
100 грама путер
65 грама шеќер во прав
120 грама сечкани ореви
1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, додајте малку шеќер и сокот од ананас од конзервата. Додајте ги брашното, сода бикарбоната, сечканиот ананас, кокосот и оревите и измешајте. Поделете ја смесата во 2 подмачкани плеха и печете 40-ина минути на 180 степени. Измешајте ги состојките за филот и нанесете го на двата дела од тортата. Одозгора украсете со ананас или со овошје по желба. Колачот треба да отстои во фрижидер цела ноќ пред да го послужите.

Scroll to Top