Потребни состојки:
6 тортиљи
80 гр тврдо сирење
500 гр пилешки гради
100 гр грашок
150 гр шери домати
пиперка
кромид
листови зелена салата
малку лимонов сок и маслиново масло
За прелив:
јогурт
малку сечкан лук
Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото и пропржете го. Исчистените домати, кромид и зелена салата исечкајте ги, помешајте ги со грашокот и зачинете ги со лимоновиот сок и маслиново масло. Тортиљите загрејте ги на рингла и во нив додадете го пилешкото, целиот зеленчук кој претходно сте го помешале и коцките тврдо сирење. На крај, ставете малку прелив од јогурт.