Тортиљи со тиквички

Потребно:

1 тиквичка
1 помала главица кромид
2 јајца
1лажица сол
по вкус црн бибер и буковска пипер
1 лажиче прашок за печење
400 гр брашно

Изрендајте ја тиквичката, а кромидот ситно исечкајте го. Ставете ги во садот за месење и додадете ги сите состоки од кои на крај брашното и замесете тесто.
Тестото колку го гибате ќе се лепи, па месете кратко и оставете го да одмара покриено еден час.

Со набрашнување поделете го тестото на 8 дела и оформете од нив топчиња.
Од секое топче сучете тенка кружна кора со дебелина од 2 мм која ќе ја печите во тава со 1 лажиче масло. Значи, за секоја страна по 1 лажиче масло во тавата.

Печените тортиљи можи да ги комбинирате како сакате или пак едноставно да ги исечите на 4 дела.

Scroll to Top