Триаголници со мармелад

Потребни состојки:

230 грама путер (треба да омекне на собна температура)
220 грама крем сирење (треба да омекне на собна температура)
300 грама брашно
Мармелад по желба

Начин на подготовка:

Во голем сад изматете го путерот и крем сирењето додека смесата не стане воздушеста и мазна. Постепено додадете брашно и добро измешајте се заедно. Покријте го тестото и оставете го околу половина час во фрижидер. Развлечете го тестото на набрашнета површина и исечете го на триаголници со саканата големина. Потоа нанесете мармелад во средината на секој триаголник, па рабовите премачкајте ги со вода. Свиткајте ги навнатре, притискајќи го тестото на сите агли за да се залепи. Наредете ги триаголниците на тепсија обложена со хартија за печење и печете на 180 степени 10-15 минути, додека рабовите не добијат кафеава нијанса. Откако ќе се изладат послужете ги.

Scroll to Top