Цепкана пиперка – гурманска зимница по оригинален рецепт

By

СОСТОЈКИ:

5 кг пиперки
5 лажици алкохолен оцет
1 лажица морска сол
1 главица лук
лист целер
100 мл масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пиперките испечете ги на плотна, исчистете ги и извадете им ги семките.

Исцепкајте ги и ставете ги на решетка да се исцедат најмалку 1 час.

Во тенџере ставете масло, па кога ќе се загрее, испржете ги пиперките и додајте сол. Пржете околу еден час, а пред крајот додајте оцет, целер и крупно сечкан лук.

Пакувајте во тегли и добро затворете со метални капачиња. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени, 90 минути. Оставете ги до наредниот ден да се изладат, па наредете ги на полиците со другата зимница.

Ќе ви се допадне