Цезар салата

Состојки

600 гр пилешки гради

1 марула

100 гр сварена пченка

70 гр кубети

Сос за салата

100 гр мајонез

2 лажици маслинов зејтин

2 лажици јаболков оцет

1 лажичка кари

Прво ги пржиме пилешките гради на тивко, претходно зачинети со зачин од сушен зеленчук и црн пипер.

Марулата ја миеме и ја сечеме во садот за салата. Зачинуваме со сол, маслинов зејтин и јаболков оцет. Врз марулата ги редиме исечените пилешки гради. Потоа ја додаваме пченката и кубетите.

Сите состојки за сосот ги ставаме во еден сад и убаво ги мешаме. Ја преливаме салатата со сосот. Брз и убав оброк.

 

Scroll to Top