Потребни состојки:
3 тиквички средна големина
3 моркови средна големина
1 главица црвен кромид
1 конзерва домати (400 гр)
100 мл доматен сок
500 мл крем за готвење, неутрален
9 листови за лазања (165 гр)
500 гр кашкавал
10 гр путер
сув зачин
сол
црн бибер
босилек
лук во прав
Начин на подготовка:
Во длабока тава ставете ги путерот и исечканиот кромид. Штом кромидот ќе почне да се карамелизира, додајте ги морковите исечкани на коцкички. По три минути, додајте ги тиквичките исечкани на коцки со големина од 1 сантиметар, а потоа и печурките исечкани на тенки ленти. Зачинете со црн бибер, сув зачин, сол, босилек и лук во прав и пржете 3-4 минути. Доматите од конзерва изгмечете ги рачно и раскинете ги на мали парчиња. Во тавата со зеленчуци налејте го доматниот сок и додајте ги изгмечените домати. Гответе додека сосот не се згусти.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава за печење на дното ставете малку од црвениот сос со зеленчуци. Наредете три листа лазања и премачкајте ги со белиот крем за готвење. Ставете половина од црвениот сос со зеленчуци и поросете со кашкавал. Повторете го тоа уште еднаш. Последниот слој кори за лазања премачкајте го со бел сос и покријте го со кашкавал. Печете 40 минути. Послужете ја лазањата топла.