Велигденски зајачиња

Потребни состојки:

1 кг. брашно,
250 гр. маргарин,
400 гр. свежо сирење,
1 лажица сол,
едно јајце,
ќесичка сув квасец,
100 мл. млака вода
сусам и ким

Начин на подготовка:

Ставете го квасецот да надојде во водата. Потоа, додајте го брашното, сирењето, маргаринот и солта. Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса. Замесете тесто и оставете го 30 минути да надојде. Обликувајте зајаче според прикажаната слика. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути.

Scroll to Top