Везени пиперки во тегли

Потребни состојки:

3 кг везени пиперки
1 китка магдонос
3 главици лук
750 мл бел оцет 9%
100 мл масло
200 мл вода
2 шолји сол
3 шолји шеќер

Начин на подготовка:

Везенките измијте ги со ладна вода и потсете им ги дршките. Водата, оцетот, солта, шеќерот и маслото ставете ги во длабок сад на оган. Кога ќе зоврие смесата намалете ја температурата и оставете да се вари на тивко. Пиперките потпечете ги по малку од двете страни и додека се топли ставете ги во солилото кое полека врие. Оставете ги неколку минути, па вадете со решеткаста лажица и полнете ги во чисти и суви тегли. Ставете два реда пиперки, додадете магдонос и лук. Постапката се повторува сè додека теглите се наполнат. При редењето, печените везенки малку притискајте ги со лажица. Откако теглите ќе се исполнат, прелијте ги со солилото и веднаш затворајте ги со метален капак. Ако количината на солилото не е доволна (ако испарила во меѓувреме) теглите дополнете ги со уште малку оцет.

Scroll to Top