(Видео) Баунти колач без печење

Потребни состојки:

300 гр мелени бисквити
200 гр темно чоколадо, мелено или ситно рендано
100 мл млеко

Фил:

500 мл млеко
80 гр пченичен гриз
100 гр шеќер
200 гр кокос

Глазура:

100 мл слатка павлака
100 гр црно чоколадо
40 гр путер

Начин на подготовка:

Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко. Смесата се спојува во мазна смеса, па се става во тепсија како кора и се натапкува на дното. За подготовка на филот: во млекото ставете шеќер и пченичен гриз, смесата ставете ја на оган и мешајте со жица без престан додека да згусне. Во жешкиот гриз додадете го кокосот, мешашје да добиете компакна смеса и нанесете го рамномерно врз кората. Колачот ставете го во фрижидер или во замрзнувач да се излади. Слатката павлака спојте ја со чоколадото искршено на коцки и мешајте додека тоа да се стопи. Во смесата додајте го путерот, па преливјте го баунти колачот.

Scroll to Top