Потребни состојки:
1 кг брашно
40 гр квасец
2 дл топла вода
2 дл топло млеко
1,5 дл масло
2 лажички оцет
шеќер и сол
Фил:
200 гр сирење
100 гр фета
100 гр рендан кашкавал
сол
За премачкување:
половина литар вода
3 лажици мед
300 гр сусам
Начин на подготовка:
Изронете го квасецот, па додајте шеќер и малку млеко. Оставете го да нарасне, па спојте го со маслото, водата и четири шолји брашно. Во брашното ставете сол и замесете. Тестото нека стои 30 минути, па поделете го на 16 дела. Секој дел се премесува, па се остава околу 10 минути. Се развлекува со големина на чинија, се става фил и се затвора како на видеото, па се става вода со мед и сусам.
Сирењаците се печат на 220 степени додека не поруменат.