(Видео) Компир вулкан, со сланина и кашкавал

За подготовка на ова јадење ви требаат полуварени компири во лушпа, кашкавал и сланина. Издлабете ја средината, па внатре ставете по парче кашкавал и обмотајте со шунка или месната сланина. Печете на температура од 200 степени околу половина час. По желба, можете да ги премачкате компирите со скара сос и да ги вратите во рерна да се запечат уште десетина минути.

По желба можете да изматите кисела павлака со лут сос, да ги прелиете печените компири и да украсете со сечкан млад кромид или магдонос.

Scroll to Top