(Видео) Оригинален рецепт за мохито

Васил Пеевски, кој е државен првак во барменство до 27 години, вели дека мохитото со години е еден од омилените летни коктели. Тој ни раскажа дека постојат два типа на мохито – кубански и европски. За „Репортер“ го откри оригиналниот рецепт за популарниот освежителен коктел.

Потребни состојки:

50мл бел рум
2 лажички шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња нане
мраз
газирана вода

Начин на подготовка:

Ставете ги во висока чаша ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на парчиња. Додајте го шеќерот и со толчник почнете да ги гмечите состојките за аромата од нането да се спои со аромата од зелениот лимон. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте ги румот и газираната вода. Послужете го веднаш.

Scroll to Top