(Видео) Тијана во кујна правеше пралини: топ-рецепт од познатата пејачка

Пејачката Тијана Дапчевиќ објави видео во кое подготвува пралини за Св. Валентин.

Иако за неа секој ден е ден на љубовта, за нејзините фанови е посебен Денот на вљубените. За нив го посвети и рецептот, кој е брз, лесен и едноставен.

„Уникатен начин за да ги изненадите саканите“, како што и самата порача.

Состојки:

  • 200 гр црна чоколадо
  • 200 гр бело чоколадо
  • 100 гр маргарин (или путер) – по 50 гр маргарин на 200 гр чоколада
  • вишни
  • 2 лажици мелени бисквити
  • лешници
  • 3 лажици млеко
  • 2 калапа за пралини (1 за пралини од црно чоколадо и 1 за пралини од бело чоколадо)

 

Подготовка:

  • Пралини со црно чоколадо

200 гр црно чоколадото се топи заедно со 50 гр маргарин на пареа. Кога ке се стопи и ќе стане хомогена, основата за пралини се става во кеса-шприц за да се наполнат калапите. Откако ќе се наполнат калапите третина со чоколадо, се ставаат 2 минути во фрижидер. Потоа во нив се додаваат вишните, кои претходно се помешани со 2 лажици мелени бисквити (за да се впие вишокот течност од нив) и на крајот повторно се дополнува со смесата од чоколадо и маргарин. На крајот се ставаат во фрижидер околу 1 час пред сервирање.

  • Пралини со бело чоколадо

200 гр бело чоколадо се топи заедно со 50 гр маргарин на пареа. Кога ќе се стопи, се додава 2 лажици млеко и се промешува. Понатаму постапката е иста како и за пралините со црно чоколадо, само, наместо вишни, во овие пралини се ставаат лешници. На крајот се ставаат во фрижидер 1 час и потоа се спремни за сервирање.

Пралините со црно и со бело чпколадо од двата калапа се вадат кога ќе се оладат и се декорираат со кокос и сечкано суво овошје.

 

Scroll to Top