Заблуди за чоколадото што треба да ги заборавите

Со години чоколадото е на листата со продукти што треба да се избегнуваат бидејќи е штетно за здравјето. Но, повеќето мислења немаат никаква допирна точка со вистината.

Колку пати досега родителите ви рекле дека чоколадото ги расипува забите? Тоа е чиста заблуда. Во 30 грама темно чоколадо има само 7 грама шеќер, а тоа е многу помалку од едно мало јаболко.
Лажица какао во прав воопшто не содржи шеќери.

Чоколадото, се верува, е причина за појава на акни. Не постои ниту еден доказ за тоа тврдење.
И, запомнете – доколку јадете чоколадо, земете квалитетно!

Scroll to Top