Запечени макарони со мелено месо

 

Едноставно и релативно брзо се подготвуваат и се неодоливо вкусни.

 

Состојки:

1 кеса макарони

500 грама мелено месо

400 грама шампињони

1 главица лук

Сол, бибер, малку масло

1 тегла (900 грама) доматен сос

200 грама рендано сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

 

Тестенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и премијте со ладна вода за да не се залепат.

 

Додека се варат макароните, подгответе го сосот. Шампињоните исецкајте ги тенки и додајте го месото. Динстајте на тивок оган се додека печурките не омекнат. Кога е се готово, додадете го доматниот сос. Зачинете.

 

Пропржете па додајте ги макароните.

 

Сето ова фино измешајте го и ставете во тава за печење која ќе ја премачкате со путер. Посипете со рендано сирење и ставете ја тавата во печка.

 

Печете се додека сирењето не се стопи и почне да добива боја.

Scroll to Top