Потребно:
- 3 тиквички
- кашкавал
- 3 јајца
- 9 лажици кисела павлака
- сол и вегета
Подготовка:
- Се сечат тиквичките откако ќе се излупат на кругови, и се става вегета на нив.
- Се зема огноотпорен сад и се премачкува со малку масло, најдобро маслиново, па се става редтиквички, па малку рендан кашкавал, па тиквички, па пак кашкавал.
- Се матат јајцата со киселата павлака и сол и вегета, па се става оваа смеса горе.
- Се пече 12 минути на 200 степени.