Потребни состојки:
5 кисели краставички
150гр. кисела павлака
150гр. мајонез
2 лажици маслиново масло
сол, бибер и оригано
Начин на подготовка:
Едноставен и брз сос, кој супер оди во комбинација со компирчиња или пак похувани работи.
Изренадајте ги киселите краставички. Во еден сад, додадете ја киселата павлака, мајонезот и маслиновото масло. Промешајте го сосот и во него додадете ги ренданите краставички, лукот во прав, посолете по вкус и наросете мелен црн бибер. Оставете го сосот да постои околу два до три часа во фрижидер и потоа сервирајте го. Од горе порпскајте со една лажица маслиново масло, наросете мелен црн бибер и малку суво оригано.