Играчот на Лион, Муса Дембеле, на натпреварот со Рен во француското првенство несакајќи ја бутна на земја нјдобрата светска судијка Стефани Фрапар.
Непријатниот момент се случи уште на почетокот на мечот во 2 минута. Фрапер брзо стана и му покажа жолт картон на друг фудбалер за прекршок од претходна акција, а потоа побара помош од лекарите. Фудбалерите од двете екипи побрзаа да видат дали е добро.
Додека ѝ пружаа медицинска нега, фудбалерите од двете екипи си додаваа топка на теренот и се загреваа за продолжението. За потсетување, Фрапар важи за една од најдобрите француски судии.
Л’Екип веќе две години по ред ја става на списокот од 30 највлијателни луѓе во францускиот фудбал. За првпат се појави како главен судија во Лига 1 во 2019-та година, а претходно цели пет години работела во Лига 2 каде исто станала прва судија-жена во машки фудбал.
@stephaniefrappart pic.twitter.com/Q2Gtk8bRNm
— Decky McCloskey (@DMcC170786) October 16, 2022
Судеше и Суперкуп на УЕФА меѓу Челси и Ливерпул во август 2019. Претходно го судеше и женското финале на Лига на шампиони во Лион. Во декември 2020-та стана прва жена-судијка во историјата на Лига на шампиони кога делеше правда на мечот Јувентус – Динамо Киев.
Во март 2021-ва Фрапар стана прва жена судијка која судеше квалификациски меч за Светско првенство.
На Мундијалот годинава во Катар ќе стане прва жена-судијка во историјата на Светските првенства. Но таму ќе има и други главни судијки-жени: Салима Муксанга од Руанда и Јапонката Јошима Јамасита.
А помошнички-судијки ќе бидат Неуза Бек од Бразил, Карен Диаз Медина од Мексико и Кетрин Несбит од САД.