Во еден чуден филм, сместен во замок во стилот на бајките, дизајнерката на „Диор“ Марија Грација Кјури ја презентираше новата колекција „Висока мода пролет/лето 2021“.
„Пророштвото ќе се оствари, ќе биде сосема невообичаено, нашата куќа ќе направи модна револуција” – рече Мариа Грација Кјури и додаде дека сакала да ја истражи магијата и утехата што таротот-картите може да ја понудат во годината со пандемија, што ги уништи животите и индустриите на глобално ниво.„Може да ви помогне да не се плашите од нешто што не го знаете, нешто несигурно“, додаде таа.
Годинава на модната недела во Париз, „Диор“, како и „Шанел“ и другите модни куќи, пистата ја заменија со дигитални ревии, со што се избегнаа вообичаените турканици.
Картите често се користат за претскажувањ среќа, тоа е и темата истражена во филмот „Диор“, во режија на Италијанецот Матео Гароне и во колекцијата на оваа модна куќа, прикажани во видеото и фотографиите во продолжение.