Иако обувките со високи потпетици поради глобалната пандемија и потребата за удобност последниве неколку месеци останаа во втор план, нејзините верзии со пета висока само неколку сантиметри и понатаму се пожелни, а во прилог на тоа говори и богатата понуда на истите на полиците од продавниците.
Таканаречените слинкбек чевли чија главна карактеристика е отворениот дизајн на петата денес се најпосакувани со додатокот од минијатурна пета.
View this post on Instagram
Овој тип обувки ѝ ги дава потребните сантиметри на фигурата вез жртвување на удобноста, а со самото тоа не нè чуди популарноста која ја уживаат на модната сцена.
Во прилог на популарноста на слинкбек чевлите доволно говорат и податоците од модниот пребарувач „Лист“ според кој потрагата по нив значајно скокнала во првите месеци од 2021 година, а со својот елегантен изглед неретко ги надминува и салонките.
View this post on Instagram
Како нивна главна предност, жените ја истакнуваат удобноста. Благодарение на дизајнот во знак на каивче кое го обвиткува глуждот, не постои опасност од потенцијални плускавци на петата, а доколку се одлучите за модел слинкбек чевли со стабилен блок или минијатурна пета китен, во нив без сомнение ќе издржите цел ден.
View this post on Instagram