Доколку инспирацијата оваа недела не ви е на високо ниво, тука сме ние да ви помогнеме. Пронајдовме пет одлични зимски стила, кои сигурно ќе посакате да ги ископирате. На овој начин секоја жена изгледа моќно.
Ова е нашиот избор:
Црната боја е секогаш добар избор, освен што секогаш е во тренд, таа ја прави и самата фигура визуелно послаба. Токму ваквите чорапи, со интересен принт, се апсолутен хит, па ако се одлучите да се облечете вака, комлиментите нема да изостанат.
View this post on Instagram
Маичките, кошулите и џемперите со нагласени рамења веќе некое време се популарни, а причината зошто жените толку многу ги сакаат е тоа што ја прават секоја фигура да изгледа како песочен часовник. Кога рамењата се нагласени, автоматски половината изгледа потенка, а телото поженствено.
Доколку ваквиот џемпер го комбинирате со џинс и длабоки чизми, ќе добиете моден изглед за чиста десетка.
View this post on Instagram
Оваа сезона секоја жена со стил треба во својот гардеробер да има барем една плетена тренирка. Трендсетерките апсолутно полудеа по ова модно парче.
View this post on Instagram
Длабоките кожени здолништа никогаш не излегоа од мода, а оваа зима се особено популарни. Во комбинација со плитки чизми и блуза изгледа баш моќно.
View this post on Instagram
Тренирките повеќе не се резервирани само за сала за вежбање, сега се клучно парче за тренди стил. Нема да погрешите доколку изберете една во јака боја и ја комбинирате со кожена јакна.
View this post on Instagram