Како вечен извор на бајковити глетки и вонвременски инспирации, ни годинешната „Хот котур“ не нè разочара. Иако се одржаа зад затворени врати поради моментните мерки во Франција, барем на момент отпатувавме во некој друг, посјаен свет, и ни открија иновативни модни трендови за 2021 година.
Некои од дизајнерите избра своите колекции да ги претстават дигитално по пат на модни филмови или фотографии, а други организираа ревија без публика или со посебно избрани гости.
Водни бранови и круни од чешли, предимензионални перики и украси за коса, тридимензионални маникир и маски од златни монистра не се нешто што можеме да ги примениме во секојдневниот изглед, но ревиите не ни служат за тоа. Тие се тука да бидат поекстремни, поимпресивни и поинакви и дека како уметнички дела оставаат без здив, а понекогаш и охрабруваат без страв да изнесеме баш сè што ќе посакаме и да одиме со круна на главата.
Минимализамот во шминката и здравиот сјај на кожата можеби ќе ве инспирираат една од одлуките за оваа година да биде еднакво да му се посветите на серумот колку и на карминот, односно да се потсетиме дека негата е секогаш на првото место.
Во продолжение ви ги пренесуваме петте највпечатливи трендови за убавина:
1. Valentino
View this post on Instagram
2. Iris Van Herpen
View this post on Instagram
3. Schiaparelli
View this post on Instagram
4. Dior
View this post on Instagram
5. Giambattista Valli
View this post on Instagram