Мартин од „Некст Тајм“ замина во Занзибар

Мартин Филиповски, едниот од браќата од дуото „Некст тајм“ е во Занзибар, Танзанија. Тој сподели неколку фотографии од таму и се пофали на својот Инстаграм профил.

Не е прв пат Мартин да сподели фотографија од своите патувања, и интересно е тоа што најчесто на фотографиите е сам и речиси никогаш со својот брат-близнак Стефан, коментираат на социјалните мрежи.

„Некст тајм“, лани беа актуелни со преработакта на темата „Слушам кај шумат шумите“, за која снимаа и спот кој наликуваше на видео приказна. Тогаш за „Репортер“ изјавија дека не сакаат по секоја цена да ги има на сцената, туку само кога ќе имаат да понудат нешто добро.

Scroll to Top