Ако треба за уметноста ќе се соблечам и гола, ѕвездата на „Гранд“ Марија Груевска за предизвиците и успехот во кариерата

Пејачката Марија Груевска од „Гранд“ рече дека ќе направи сè за да успее во кариерата, па ако треба ќе се соблече и гола. Таа рече дека не постојат граници кога станува збор за нејзините перформанси и настапи.

„До каде уметноста тоа го дозволува, до таму сум подготвена да одам. За мене голотијата претставува еден вид уметност. Позади мене стои сериозен тим кој води сметка за моите јавни настапи и ако побараат од мене да се соблечам за некоја сцена, нема да имам никаков проблем со тоа“, рече Марија за „Ало.рс“.

Пејачката објасни дека кариерата ја гради скала по сакала и дека не сака преку ноќ да стекне огромна популарност затоа што тоа може да има несакан ефект.

„Мојата цел можеби е потешка, но јас верувам во себе и знам дека можам далеку да стигнам“, рече Марија која дополни дека наскоро со нејзиниот тим подготвуваат мини концерти.

За потсетување, популарноста Марија ја стекна за време на настапите во „Гранд“ со змијата околу вратот, па сега вели дека сите очекуваат на нејзините настапи да ја видат со истиот перформанс.

Scroll to Top