По пропагандите со карта на голема Албанија и независно Косово на светски познатите пејачки Дуа Липа и Рита Ора, реагираа Некст Тајм и Влатко Лозаноски. Тие преку социјалните мрежи им реплицираа објавувајќи историска карта на етничка Македонија.
Тие решија да реагираат јавно затоа што според картата на Албанија на двете познати пејачки влегуваат и делови од Република Македонија.
По нивната објава поддршка им даде пејачот Влатко Лозаноски, кој исто така објави карта на етничка Македонија.
Пред некој ден реагираше и српската пејачка Јелена Карлеуша, која на Дуа Липа ѝ рече да почне да шири љубов, а не национализам на социјалните мрежи.