(Фото) Миле носталгичен по Тошо Малерот

Миле Паника (Бранко Огњановски) јавно откри дека тешко му паднало заминувањето на неговиот другар Тошо Малерот (Васко Тодоров) во Австралија. Тој на својот Твитер профил објави фотографија од двајцата нив, направена на снимањето на филмот „Бал-кан-кан“. На фотографијата тие потсетуваат на мафијаши од стар холивудски филм. Во филмот „Бал-кан-кан“ тие ги глумат улогите на Витомир и Серафим Каранфилов.

До неодамна Тошо беше во Македонија, а на аеродромот во Скопје го пречека Миле. Тие постојано објавуваа фотографии, па на дел од нив се најдоа адвокатот Александар Тортевски и министерот Никола Димитров. Заради фотките на кои беше и Бубо Каров, многумина се понадеваа дека повторно ќе се снима К-15.

Scroll to Top