Македонската манекенка Ивана Манас се сликаше за светскиот магазин „Венити фер“

Македонската манекенка Ивана Манас сликаше моден едиторијал за светски познатиот магазин „Венити фер“. Таа е облечена во една од најновите креации на модната куќа Луј Витон. Сликите за едиторијалот наречен „Реално шоу“ ги направи фотографот Алберто Зенети.

„Ивана три месеци беше во Милано и работеше на многу проекти кои допрва ќе бидат објавени. Таа во моментов е во Португалија каде работи на нив моден ангажман, но набргу се враќа во Милано бидејќи ќе биде дел од Миланската модна недела“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција „Моделс ИН“.

Ивана изминативе месеци и еден од најбараните македонски модели во странство. Таа неодамна сликаше за Долче и Габана, а настапи и на ревиите на неколку светски модни дизајнери.

Scroll to Top