Инфлуенсерката Миа Костова сними уште едно видео во кое заедно со Тијана Скујиќ на хумористичен начин ја прикажа состојбата и начинот на кој функционира нашата администрација.
Таа во видеото глуми административец на шалтер кој треба да ѝ заврши работа на Тијана, која, пак, мора да брка врски за да заврши обична работа. Но, наместо професионализам од Миа, таа се лакира, јаде бурек и си зборува на телефон.
За потсетување, двете претходно снимија видео во кое ги прикажаа слабостите на нашиот здравствен систем.