Израел победник на Евровизија 2018

Нета,  претставничката на Израел е годинашен победник на Евровизија. Таа во Алтис арената во Лисабон ја пееше песната Тоу. Израел победи со вкупно освоени 529 поени. Нета имаше најмногу поени од телевоутингот, а беше трета според поените на стручното жири.

Во финалето на Евровизија се натпреваруваа 26 земји. Победникот беше прогласен преку собраните гласови од жирито и телевоутингот од сите 43 земји учеснички. Гласовите се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Австрија, втора беше Шведска, а трета беше Израел. Македонија 12 поени од жирито ѝ ги даде на Естонија.

Израелската евровизиска преставничка Нета, ќе остане запаметена и по настапот во првото полуфинале на музичкото натпреварување, кога падна по скалите зад сцената на Евровизија. Камерите што ги следат сите изведувачи го снимија моментот во кој таа паѓа, а видеото веднаш беше објавено на социјалните мрежи.

Македонската група „Ај Кју“ настапи на првата полуфинална вечер со песната Lost and Found, но не се пласираше во финалето.

За време на настапот на британската пејачка Сурај, демонстрант истрча на сцената и ѝ го зеде од раце микрофонот. Пејачката остана смирена и ја заврши докрај изведбата на песната Storm. Од Европскиот радиодифузен совет соопштија дека одговорното лице е приведено и дека се наоѓа во полициски притвор. Тие објавија и дека финалето на Евровизија го гледаа околу 200 милиони гледачи.

 
Scroll to Top