Ѕвездата Ким Кардашјан (37) сега и службено на социјалните мрежи го претстави своето трето дете, ќеркичката Чикаго, родена на 15 јануари.
„Бебето Чикаго“, напиша кратко во описот на фотографијата што ѝ донесе речиси 5,5 милиони лајка и огромен број коментари.
Малена Чи, како што ја нарекуваат членовите на семејството, е послушно, мирно и преслатко бебе, а веќе ужива во луксузот и богатството на познатите родители. Како што пишуваат странските медиуми, само во нејзината детска соба се наоѓаат украси вредни 75.000 долари.
Ким и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест (40), своето трето дете го добија со помош на сурогат-мајка. Поради компликациите во првите две бремености, Кардашјан се одлучи да ангажира жена што ќе ѝ го донесе третото дете на свет. Двојката има уште две деца, четиригодишната ќеркичка Норт и двегодишниот син Сејнт.
Сурогат-мајката има 27 години, има два сина и пет години е во брак. Завршила факултет, а на двојката ѝ се допаднала извонредната физичка форма.
Во текот на бременоста Канје и Ким ѝ забраниле да ја бојадисува косата, да пие алкохол, да јаде сурова риба, да користи сауна и да пуши. За нејзината безбедност во текот на бременоста биле задолжени двајца телохранители, кои ѝ помагале од третиот месец на бременоста. За целиот процес и услугата Ким и Канје и платиле околу 114.000 долари.