Двократниот светски шампион во современ танц Анди Исмаили (14) од Гостивар, Македонија со своите танцувачки способности го освои жирито и доби златен тастер од Мартина Томичиќ на „Суперталент“ во Хрватска.
„Доаѓам од Македонија. Живеам во Гостивар и танцувам. Танцувањето е мојата страст. Имам 14 години. Татко ми студирал во Хрватска, таму поминал половина живот. Ги следеше емисиите на „Суперталент“, ги гледаше епизодите и ме праша зошто не би се пријавил“, вели Анди.
„Навистина сакам да го направам горд. Јас сум доста нервозен откако пристигнав, но се надевам дека се ќе помине добро“, сизјави Анди пред да настапи.
Момчето имаше неверојатен настап на шоуто при што ја покажа својата флексибилност и страст за танцот. Жирито Анди го награди со стоечки аплауз.
„Беше навистина волшебно и убаво, многу ми се допаѓаат твоите пируети, свиоци, технички одлично го изведе, музички си претставителен и знаеш да танцуваш. Ова беше одлично за мене“, прокоментира Давор.
„Сè уште се тресам, навистина сакам да танцувам. Танцувањето е дел од мојата личност, можеби не можам да го покажам тоа, но го чувствувам. Маја рече дека танцуваш со многу самодоверба, јас би рекол дека повеќе се работи за страст“, прокоментира Мартина и додаде дека танцувањето за него е бегство од реалноста.
А потоа младиот танчер се надоврза на коментарот на член од жирито.
„Многу ме малтретираат во мојот град. Ова се случува секојдневно и постојано. Кога луѓето гледаат машки танчер, тоа е нешто необично за нив. Така да тоа не ме изненадува. Еднаш ми се случи многу трауматична работа. Еден учител ми рече нешто многу навредливо. Кога тинејџерот ќе слушне такво нешто, тоа автоматски ја уништува неговата самодоверба. Сè уште го разбирам ова од учениците, поминувањето низ малтретирање е фаза. Тоа е нешто низ кое поминуваме сите. Но, од возрасна жена, мислам дека не е во ред. Тоа што ме малтретираа ме направи посилен. Поради ова денеска сум посилен и подобра верзија од себе“, вели Анди.
Тој почнал да танцува во декември 2017 година. Неговата тетка ги носела нејзините ќерки на танц, па така и тој изразил желба да види што се случува таму.
„Наставникот по танц пушти музика и јас почнав да импровизирам. Потоа видоа дека имам талент. Благодарен сум на моето семејство за се што се жртвуваа за мене. Ме поддржаа уште од првиот танцов чекор. Многу сум им благодарен за тоа и посакувам да им дадам цел свет да им се заблагодарам за се. Мојата цел е да покажам дека без разлика од каде доаѓате, макар и од мало село, можеби ќе успеете во животот“, раскажа Анди.