Ноќва почнува зимското сметање на времето

By

Ноќва (28 кон 29 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, а стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се премести навечер.

Европскиот парламент во март 2019 година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот сè уште нема донесено финална одлука за тоа.

 

Ќе ви се допадне