Папагал испратил двајца мажи на доживотна робија

Судот во Индија осудил двајца мажи на доживотна робија поради убиство и грабеж. Ги осудил благодарение на папагал кој во моментов на злосторот се наоѓал во куќата.

Нилам Шарма, сопруга на главниот уредник на еден од поголемите индиски весници во земјата, Виџај Шарма, е убиена во нејзниот дом на 20 февруари 2014 година.

По убиството, куќата е ограбена, а полицијата не ги нашла сторителите сè додека папагалот, кој им бил домашен миленик, не почнал да го вика името на внукот на Виџај.

Виџај станал сомничив кога го слушнал папагалот и побарал од полицијата да го испраша неговиот внук Аша, кој потоа признал дека со неговиот пријател Рони Меси го сториле злосторството.

Девет години по убиството, специјалниот судија Мохамед Рашид ги осудил двајцата на доживотен затвор и им изрекол парична казна од 874 долари, на основа на признанието на Аша и дополнително собраните докази.

Според информациите до кои дошол порталот „Идија тудеј“, Виџај Шарма дента кога му е убиена сопругата, со синот и ќерката бил на венчавка, а жена му Нилам останала дома.

Кога подоцна вечерта се вратил, во куќата ги видел со кучето, кои биле убиени со остар предмет. По инцидентот папагалот, престанал да јаде и пие вода и не се огласувал. Тогаш Виџај помислил дека папагалот би можел да биде сведок на убиството и да ги препознае сторителите.

Кога почнал да му ги зборува имињата, птицата се вознемирила и почнала да го вика името на Аша. Папагалот имал иста реакција и пред полицијата, стои во нивниот извештај.

Ниведита Шарма, ќерката на убиената Нилма, за „Индија тудеј“ рече дека Аша често доаѓал во нивната куќа и престојувал кај нив. Знаел каде ги чуваат парите и накитот во куќата и планирал да изврши грабеж, тврди Ниведита. По упадот во куќата кучето со нож го избодел девет пати, а Нилам 14.

Сведочењето на папагалот се споменува во целиот случај, но не е вметнат во доказниот материјал, затоа што законот не предвидува таква можност. Неведита Шарма рече дека папагалот им умрел шест месеци по инцидентот. Виџај починал на 14 ноември 2020 година за време на пандемијата со ковид 19.

„Татко ми сакаше Аша да биде најстрого казнет. Целото семејство поднесе барање до Врховниот суд да го осуди на смрт“, рече ќерката на убиената Нилам.

 

Scroll to Top