Сашко Коцев е најдобар филмски актер и ја доби наградата „Златна рамка“

Сашко Коцев е добитник на наградата филмски актер, Кирил Спасевски филмски автор, а прзнанието филмски работник му припадна на Бранко Петровски на четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Почесната награда за странски автор која за прв пат се доделува ќе му биде врачена на српскиот филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ.

Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи на отворањето на „Златна рамка 22“, на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.

Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.





		
		
			
Scroll to Top