Жена пред 19.000 луѓе во живо пренесуваше како се породува

Дваесет и осумгодишната Англичанка Ела Робертс од Есекс пред 19.000 луѓе во живо пренесуваше како се породува. Ела кога се породила била во карантин, па се снимала на „Инстаграм“ за да ја видат сопругот и родителите.

Но, покрај нив Ела на „Инстаграм“ во живо ја следеле и 19.000 фанови.

„Домашно породување по царски рез, гледајте затоа што сакам да го споделам ова со вас“, рече Ела пред породувањето, кое го следеле 13.000 луѓе.

Ела доби син Фреди. Иако на почетокот се плашела од можни компликации, голем број мајки ја убедиле дека треба да се породи како што таа сака, во домашни услови кои на неа ѝ одговараат.

Scroll to Top