НАСА сними одвојување на санта мраз од Антарктикот

Во јули минатата година НАСА  снимила од вселената огромна санта мраз, со површина од околу 5.800 километри квадратни, која се одвоила од Антарктикот. Тоа сознание им пружило на научниците можност да се запознаат со екосистем што опфаќа 6.000 метри квадратни, стар околу 120.000 години.

Сантата А-68, со големина на островот Бали, која се одвоила од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот, е една од најголемите забележани во историјата. По одвојувањето, плочата Ларсен Ц се намалила за околу 12 проценти.

На Антарктикот моментално е лето, а А-68 патува кон архипелагот Јужна Џорџија и Јужните Сандвички Острови, во јужниот Атлантик. На својот пат овој глечер постепено се распаѓа, па настануваат бројни помали.

На 12  ноември минатаат година членови на иницијативата на НАСА за снимање 3D мапи на глечери летале над А-68 со авион P-3, кој е опремен со најсофистицирани мерни инструменти.

Благодарение на поволните метеоролошки услови, снимките биле многу јасни.

„Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видите нешто што претходно сте го гледале само на фотографии. До денес глечерот Ларсен Ц го гледав само на сателитски снимки објавени во август 2016 година.

Антарктикот тогаш привлекуваше внимание поради огромните пукнатини, а на крајот тоа се заврши со одвојување на огромен глечер”, напишала Кетрин Хансен.

“Повеќето глечери што сум ги видела изгледаа релативно мали и компактни. Меѓутоа, тоа не важи и за овој. А-68 е толку голем што и натаму изгледа како да е дел од ледена плоча”, додала таа.

Благодарение на фотографиите и снимките направени со помош на гравиметар, кој ја мери количината на водата под глечерите, научниците имаат прилично јасна претстава за клучните својства на А-68, кои ќе им помогнат да го следат неговото движење, како и процесите низ кои минува.

Scroll to Top