Атлетико Мадрид и Барселона успеаа да се договорат во последните моменти од истекот на трансфер-рокот за ангажманот на Антоан Гризман. „Јорганџиите“ успеаа повторно да го вратат Французинот во своите редови за 40 милиони евра откако претходно им го продадоа за 120.
Гризман играше за Атлетико Мадрид пет сезони и беше прва ѕвезда во клубот пред да се пресели во Барселона во 2019 година. Каталонците се надеваа дека како замена ќе го добијат Жоао Феликс, но до тоа не дојде.
Гризман постигна 35 гола во двете сезони, колку што ги мина на „Камп ноу“. Продажбата доаѓа откако Барселона се најде во незавидна финансиска ситуација, со 1,35 милијарда евра долг, и не успеа да го задржи Лионел Меси во клубот.
Капитените на клубот ги скратија високите плати за да може да се комплетираат договорените трансфери и да се регистрираат играчите. Барселона претходно ги продаде Илаиш Мориба на РБ Лајпциг за 15 милиони евра и Емерсон Ројал на Тотенхем.
Ројал ова лето пристигна на „Камп ноу“ од Реал Бетис. Атлетико во Гризман гледа замена за Саул Нигуез, кого го пратија во Челси на заем за 5 милиони евра со опција за купување за 40 милиони евра.
Saúl jugará cedido en el Chelsea hasta el 30 de junio. ¡Te deseamos lo mejor, te lo mereces!
➡ https://t.co/ibBfv5gDIE pic.twitter.com/uij5Tgscie
— Atlético de Madrid (@Atleti) August 31, 2021
We’re delighted to welcome @saulniguez to the club on a season-long loan! ✍️#HolaSaul 🇪🇸
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 31, 2021
🇫🇷 @AntoGriezmann volverá a vestir nuestra camiseta tras el acuerdo alcanzado entre nuestro club y el Barcelona para su cesión.
Bienvenue, Antoine! 🤙
➡ https://t.co/NZcnFfJqp8 pic.twitter.com/nFsJIxZgSy
— Atlético de Madrid (@Atleti) August 31, 2021
🚨 𝙇𝘼𝙏𝙀𝙎𝙏 𝙉𝙀𝙒𝙎 !!
Agreement between Barça and Atlético Madrid for the loan of @AntoGriezmann— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 31, 2021