На 17. Скопски маратон, кој се одржа денес низ улиците на главниот град, учествуваа над 6000 учесници. Првото место им припадна на македонските атлетичари Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова.
Ивановски постигна време од 2:21:27 часа, додека Поп Арсова стаса на целта со време од 2:40:36 часа. И двајцата постигнаа нови македонски рекорди на оваа патека.
Во машка конкуренција, второто место го освои Младен Стевановиќ од БиХ, а третото место му припадна на Давид Перлич од Германија. Во женската, пак, второто место го освои Силвија Јукаила од Еквадор, а на трето место се пласираше Билјана Кираџиева.
На полумаратонската трка во женска конкуренција победник е Милјана Ристиќ од Македонија, со време 1:26:09 часа, а во машката победи Митко Ценов од Бугарија.
Андријана Поп-Арсова: Паднав во агонија на 12 километри пред целта