Синот на Кристијано Роналдо, Јуниор, потпиша договор со англискиот клуб Манчестер Јунајтед. Тој од наредната сезона ќе игра во младинскиот тим до 12 години и ќе го носи бројот 7 како и неговиот татко. На потпишувањето со него беа мајка му Георгина и двете помали сестри и брат.
11-годишниот Роналдо тренираше во академијата на клубот уште од почетокот на сезоната, а професионален договор со клубот ќе може да потпише дури кога ќе наполни 16 години, како што е правило во Англија.
Со новиот дрес се пофали и неговиот пријател Габриел, кој објави заедничка фотографија.