Фудбалерот на Уругвај, Луис Суарез, синоќа со гол со ножички против Чиле, успеа да го собори рекордот на Лионел Меси и да стане најдобриот стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации. Тоа за него беше 29 гол во дивизијата CONMBEBOL.
Уругвај синоќа го победи Чиле со 2:0 и ја потврди третата позиција на табелата, а истовремено обезбеди и место во вториот шешир пред ждребката за Светско. Тие ги елиминираа Чилеанците од Светското во Катар, со голот на Суарез и Валверде.
Суарез мечот го почна од клупата и влезе во игра на местото на Кавани, а во 79 минута на Кортес му даде гол со ножички од петерецот.