Тирамису со рум

Потребни состојки:

4 жолчки
1 шолја шеќер
500 гр маскарпоне сирење
200 мл слатка павлака
3 пакувања пишкоти
нескафе
шеќер
рум
какао

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го маскарпонето и добро изматете. Во друг сад изматете ја слатката павлака, па соединете ги филовите. Неколку лажички нескафе растворете со млака вода и додадете малку рум. Потопете ги пишкотите во смесата па редете ги во тава. Врз секој ред ставајте од филот и наросувајте од какаото. Колачот ставете го во фрижидер да се стегне, па послужете го.

Scroll to Top