Корупцијата и лагите во општеството се случуваат кога луѓето работат во групи

Групите за разлика од поединците имаат поголема склоност кон лажење и корупција. Ова го тврдат научници од Универзитетот „Лудвик Максимилијанс“ во Минхен, Германија.

Според порталот ScienceDaily.com, научниците до тој заклучок стигнале по спроведените експерименти во кои истражувале дали нечесноста е резултат на поединечно или колективно одлучување.

Лидерот на истражувањето, Мартин Г. Кочер, направил тим во кој регрутирал 273 студенти за своето истражување. Учесниците морале да гледаат видео, одделно, но и во групи, а потоа да кажат одреден број кој го претставувал и резултатот на испитувањата на Кочер и неговите колеги.

Учесниците можеле со оглед на изборот да се изјаснат за реален број или оној што им овозможувал подобра награда. Може да се каже дека наградата што ја добивале за избраниот број што го пријавиле по гледањето на видеото влијаел на нивната одлука.

Учесниците што го гледале видеото во групи можеле анонимно да разговараат меѓу себе преку групен разговор пред да им го дадат својот одговор на истражувачите. Освен тоа, немало казни за неточните резултати.

Истражувачите откриле дека групите често пријавувале лажни резултати, дури и ако членовите на тие групи како поединци се покажале искрени во раните фази од експериментот.

Всушност, од 78 групи во истражувањето, 51 отсто, или речиси 40 групи, експлицитно ги спомнуваат аргументите за нечесноста во нивните групни разговори. Имено, кај 43,4 проценти од тие разговори учесниците се обидувале да го оправдаат неточното, а 15,6 проценти биле чесни во извештаите.

„Нашите резултати се јасни: Веројатно е дека луѓето помалку лажат кога одлучуваат самите“, изјави Кочер.

Коавторот на студијата, Лиса Спантин, додала:

„Повратните информации се одлучувачки фактор. Одлучувањето на ниво на групи вклучува размена на мислења кои може да ја изменат релативната тежина доделена во релативна норма. Во такво опкружување учесниците многу лесно ја реинтерпретираат нормата за разлика од случаите кога одлуката е донесена од самиот индивидуалец“.

Истражувачите го нарекле ваквиот феномен префрлање кон нечесноста, каде што членовите на групите ја поместуваат својата перцепција за легитимна искреност кон негативната страна во текот на расправата, со што создаваат искривена перцепција за да го оправдаат своето однесување.

Освен тоа, истражувачите исто така напомнуваат дека префрлањето кон нечесноста ретко влијае кај испитаниците кога некои во групата имаат корист од тоа или се во неповолна положба поради лагите на некој друг член.

Друштвото во целина исто така може силно да влијае на тоа дали луѓето се чесни или нечесни. Истражувањето во 2016 година, кое го спровеле истражувачи од универзитетот во Нотингем, го предложиле токму тоа.

Повеќе од веројатно е дека луѓето што доаѓаат од корумпираните општества се нечесни за разлика од оние општества што даваат акцент на чесноста.

За нивната студија истражувачите спровеле петгодишен експеримент со помош на 2.568 студенти од 23 земји со разни нивоа на корупција. Во експериментот секој учесник седел во изолирана кабина и фрлал коцка двапати. Учесниците изјавиле дека ќе добијат паричен поттик врз основа на бројот што ќе го добијат.

Учесниците од секоја земја покажале мала нечесност, иако таа варирала од нивото на корупција во нивните земји. Но, утврдено е дека ниту еден народ не бил чисто искрен или неискрен.

„Овие резултати ни даваат многу поголема слика за универзалноста на различноста на лицата. Луѓето ја имаат таа слика во себе да бидат искрени секаде, а нечесноста е допуштена како мерило на перформансот во нивото општество и опкружувањето“, изјавил водителот на истражувањето, Симон Гајтер.

„Колку лаги се сметаат прифатливи? Ако живееме во општество каде што сите цело време ги кршат правилата, тогаш повеќе од веројатно е да мислите дека тоа е во ред да го правите.

Што друго да се каже освен тоа дека чесните луѓе може да ги ставиме на листата со заштитени видови, особено тука на Балканот.

 

 

 

Scroll to Top