Од каде им на политичарите Јанушевиќ, Јовановиќ и Николиќ толкав имот и пари

Носителите на јавните функции се должни да објаснат како стигнале до парите со кои ги платиле станот, куќата, автомобилот или јахтата, а чија цена не одговара на нивните реални примања, порачува Зоран Стоилковиќ, професор на Факултетот по политички науки и поранешен член на одборот на Агенцијата за борба против корупцијата.

Еден од примерите е Зоран Јанушевиќ, некогашниот советник на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој во повеќе наврати во изминатите 10 години бил обвинет за финансиски малверзации. Тој денеска живее во вила чија вредност се проценува на пет милиони евра, а во времето кога го стекнал богатството работел во државните органи.

Одговорот на логичното прашање со кои пари го купил луксузниот недвижен имот е непознат, како што за јавноста сѐ уште е непознавање и која е тетката од Канада што на министерот за одбрана, Александар Вулин, му позајмила 205.000 евра за купување стан од 107 квадрати во Белград. Останува мистерија кој ги финансира луксузниот живот на Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП, и неговото семејство веќе неколку години, а Томислав Николиќ, поранешниот претседател на Србија, кој толку се фали дека е човек од народот, одбива на тој ист народ да му приложи сметки и вели дека платил петособен стан во Белград или, пак, куќата во Бајчетина, викендичката на Сава…

„Законот за потеклото на имотот не е среќно решение, но во ваква ситуација тоа е единствено решение. Прашањето зошто тој закон и по две години високофреквентни политички најави дека ќе се донесе, не се носи. Политичарите се должни да објаснат како дошле до својот имот, а еден од механизмите би можел да биде тој закон за потеклото на имотот“, вели Стоилковиќ за медиумите.

„Даночната администрација би морала тоа да го покаже, да има увид во тоа со колку приходи може да се купат толкави имоти, но доколку тоа не функционира, зошто не се донесе закон за потекло на имотот?

Немања Ненадиќ од „Транспарентност Србија“ потсетува дека во изложбите на премиерите од 2016 и 2017 година најавено е донесување посебен закон за испитувањето на потеклото на имотот и дека таа содржина на тој закон сѐ уште не е позната.

„Се претпоставува дека тој би можел да донесе можност за дополнителни проверки на податоците за имотот и приходите и дека во случаите кога не постои доказ за тоа, дека имотот е стекнат на законит начин, да биде воведено дополнително даночење. И понатаму не е јасно на кого тој закон би се однесувал. Но, во секој случај би можело да се очекува дека во некои од случаите за кои сте пишувале тоа би можело да биде предмет на испитување кога еднаш ваков закон ќе биде донесен“, вели Ненадиќ.

Министерство за правда

Законот за потекло на имотот и понатаму го разработува работната група

„Според работниот текст на законот за потекло на имотот, кој и понатаму го разгледува работната група, која ја сочинуваат претставници од Министерството за правда, Министерството за финансии и Даночната управа, најважниот орган за подготовка на овој закон е Министерството за финансии – Даночната управа. Министерството за правда како овластен предлагач на законот и Министерството за финансии се во процес на усогласување на законските решенија. Секако, нацрт-законот за потеклото на имотот ќе биде на јавна расправа за сите заинтересирани да може да се запознаат со решението што тој го предвидува“, порачале од Министерството за правда.

Ѕид на молкот

Зоран Јањушевиќ, поранешен советник на Зоран Џинџиќ

Ова не можат да го објаснат

Зоран Јањушевиќ, поранешен советник на Зоран Џинџиќ

Вила од пет милиони евра

Зоран Јанушевиќ, некогашниот советник во владата на покојниот Зоран Ѓинѓиќ, во своја сопственост има вила која се проценува на пет милиони евра. Се наметнува прашањето на кој начин тој, но и многу политичари во Србија, стекнал толкаво богатство!

Александар Вулин, министерот за одбрана Тетката од Канада му купила стан

Александар Вулин, министерот за одбрана

Тетката од Канада му купила стан

Вулин изјавил дека станот од 107 квадрати со паркинг-место го платил 244.620 евра, од кои 205.000 евра позајмил од тетката на сопругата од Канада. Тој објаснил дека во Србија ги внесувал тие пари во делови по 9.000 евра, со што избегнал да ја пријави целата сума на царина. Никогаш не е откриено дали тетката навистина постои и со што се занимава.

Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија Петособен стан, викендица, куќа…

Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија

Петособен стан, викендица, куќа…

„Томислав Николиќ има стан од 194 квадратни метри, чија вредност се проценува на 390.000 евра, куќа во Бајчетина, што според зборовите на некои експерти вреди дури 500.000 евра. Одбива да објасни со кои пари сето тоа го платил.

Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП, поранешен поптретседател на Владата Луксузен живот, џипови, фирми…

 

Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП, поранешен поптретседател на Владата

Луксузен живот, џипови, фирми…

Јовановиќ бил сопственик на неколку фирми, вози скапи автомобили, џипови „махон“, а познат е и по луксузниот начин на живеење, а во повеќе наврати ги истакнал своите скапи егзотични патувања. Хрватските медиуми пишуваат дека има и јахта.

 

 

Scroll to Top