Распадот на Југославија бил планиран уште пред Милошевиќ да се роди

Распадот на поранешна Југославија бил планиран уште пред Милошевиќ да се роди, тврди во својата книга Борисав Јовиќ, поранешниот претседател на претседателството на СФРЈ.

Тој во едно од своите интервјуа открива дека Југославија била создадена од волјата на три народи, а била растурена поради желбата на шест републики, кои не ни постоеле кога државата била создадена.

Според него, било извршено дотогаш невидено политичко насилство над вистинските народи. Било поништено правото на народот на самоопределување, а се утврдило до тој момент непознатото право на отцепување на републиките.

Државата во која сите Срби за првпат живееле под ист државен кров не била под нивна управа, вели Јовиќ. Со неа управувале оние кои сакале таа да не постои.

Во неговата книга е обелоденета постапката според која бил однапред планиран и беспрекорно остварен овој план, пред сè благодарејќи на јасната антисрпска политика, која 40 години ја спроведувал доживотниот владетел Тито.

Тој со цврста рака и жестока пропаганда, со помош на заинтересираните странски сили, за жал и големото слепило и поддршка од српското политичко раководство, го спровеле тој план.

„Можеме да тврдиме дека здравиот разум не би прифатил една слободна нација, како што е српската и нејзиното политичко раководство, па и комунистичко, под  какви било услови да прифати и поддржи политика која водеше до конечен исход кој го доживеавме, а истовремено да не бидат тешко измамени и изиграни. За нас е од историско значење нацијата да биде свесна како тоа се случило, да го согледа процесот и неговите главни точки на одлучување, каде и кога е измамена, како западнавме во ваквата ситуација, да престанеме да мислиме со својата глава за нашата судбина и безизлено да се лизгаме директно во пропаста“, вели Јовиќ.

Според него, заговорниците кои успеаја да ја растурат Југославија се обидуваат настаните од деведесеттите години да ги прикажуваат одвоено од нивната предисторија. Тоа според Јовиќ претставува голема измама на јавноста, затоа што на тој начин се крие историската вистина и одговорност и дека на српскиот народ, покрај огромниот губиток кој го поднел во тие настани му е наметната и вината за злоделата кои други ги сториле.

Непобитни се доказите дека одлуката за растурање на Југославија и обесправување на српскиот народ ја донеле највисоките органи на Комунистичката партија и дека истите биле спроведени во време кога таа партија била на власт.

„Но, исто така знаеме и дека сите одлуки се донесени во време кога Комунистичката партија на Србија не постоеше и дека не било дозволено нејзино формирање. На Второто заседанија на АВНОЈ сите одлуки се донесени без легитимни српски претставници и без кворум, а тие направија пресврт на историјата и нашата судбина. Измама до измама“, вели Јовиќ.

Сите комунистички партии основани од 1919 година, па сè до крајот на Втората светска војна, ги донеле своите одлуки за растурање на Југославија и обесправување на српскиот народ. Тито не дозволил КП Југославија да се оформи, дури по војната. Било логично КП Србија при основањето да се дистанцира од одлуката на КПЈ, која се однесува на српското прашање.

Но, тоа кај Тито не било возможно, објаснува Јовиќ.

Логично, поради тоа што Србите немале своја комунистичка партија и дека биле членови на КП Југославија, се наметнува решение во кое на чело на вооружената борба против окупаторот се стави нивниот генерален секретар Јосип Броз Тито, вели Јовиќ.

Таа логика не паднала од небо, таа била составен дел од свесната политика, која не му дозволувала на српскиот народ да има свои институции, па ниту комунистичка партија, со цел на српскиот народ му се наметне раководство кое ќе работи против нивните интереси.

Тито се дофатил до власта на нелегален начин и таквата власт која е прикажана како демократска е избрана од претставниците на сите народи, а всушност е наметната благодарение на расположливите воени сили. Благодарение на истата, Тито владеел со Југославија 40 години.

Преземањето и вештото задржување на власта во неговите раце му овозможија да ги спроведе одлуките на Конгресот во Дрезден, вели Јовиќ.

Александар Ранковиќ е сменет затоа што се спротивставил на распаѓањето на Југославија со пренесување на државните функции на републиките. Сето друго било фантазија на Тито, дека го шпионирал заедно со другите српски функционери, со цел да ги смени.

На ова прашање, српските функционери покажале најголема политичка слабост и национален срам, од кои не можат да се исперат.

„Оние кои сакаат да го обвинат Слободан Милошевиќ, а со тоа и Србија, сметајќи дека сега тоа е во мода, мислат дека ние сме слепи и дека не ги гледаме фактите. А тие јасно покажуваат дека политиката на растурање на Југославија е утврдена не само пред Милошевиќ да се појави на полтичката сцена во Србија, туку е направена уште пред неговото раѓање. Тоа што некои побрзаа да излезат од Југославија, побрзо од што имаа намера, поради појавата на Милошевиќ и неговите ставови за одбрана на интересите на српскиот народ, не го менува историскиот факт дека некој уште претходно одлучил да се растури Југославија“, вели Јовиќ.

Ако ја прочитате мојата книга, ќе ги забележите моите жестоки критики пред највисоките југословенски функционери, вклучувајќи го и Едвард Кардељ, и на политичкиот и на економскиот систем. Соработката со Милошевиќ беше за прашањата кои се од интерес за Србија. Меѓу останатото, јас лично работел на промена на Уставот во Србија, што овозможи и прекин на прогонување на српскиот народ од Косово и Метохија, но и на други прашања кои беа од интерес за Србија, сè додека Милошевиќ не ги одобри блиските соработници и додека неговата сопруга не беше вмешана во водењето на политиката. Припишувањето на одговорноста на Милошевиќ за растурање на Југославија е неоснована. Молошевиќ се појави дури откако земјата на големо се распаѓаше и се обиде колку што може да ги заштити интересите на Србија, нешто што им пречеше на многумина кои стекнаа навика да работат на случајот Србија повеќе да не постои“, вели Јовиќ и дополнува дека неговата книга е апсолутно аргументирана до таа мерка што објаснува дека на српскиот народ не може да му се припише одговорноста и вината и дека не може повеќе да се пишуваат историски невистини во енциклопедиите и учебниците. Тој вели дека српските политичари не смеат во иднина да ги прават истите грешки како и нивните претходници.

 

Scroll to Top