Убиjците на Кашоги учеле од Гадафи

Убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги во Истанбул, за кое се верува дека зад стои принцот Мухамед бин Салман, ужасно потсетува на времето и атентатот и исчезнувањето на либиските дисиденти, кои живееле во страв од продолжената рака на Муамер Гадафи и неговите брутални служби за безбедност.

Гадафи бил познат по тоа што испраќал агенти за да се пресметаат со неговите политички противници, кои тој ги нарекувал предавници и џукели.

Тие наоѓале засолниште во државите ширум светот. Ништо помалку суров не бил ни кон оние кои одлучиле да се вратат во татковината.

Сега, по низа различни информации што стигнуваат за случајот „Кашоги“, сè уште не е јасно дали престолонаследникот Бин Салман знаел за исчезнувањето на саудискиот новинар. Во либиската заедница по убиството на новинарот се прават паралели меѓу Гадафи и младиот принц, пишува „Мидл ист ај“.

Противниците на Бин Сламан го обвиниуваат принцот дека стои зад пресметките со дисидентите, тајкуните, свештениците, политичките активисти, дури и членови на владејачкото семејство. Саудиска Арабија од почетокот одбивала да признае дека исчезнатиот новинар е убиен тврдејќи дека излегол од конзулатот, кое се смета за место на злосторството.

Сепак, пријател на Кашоги, кој инсистирал да остане анонимен, изјавил дека бруталното убиство на новинарот предизвикало страв кај другите  критичари на саудиските власти дека ќе ја доживеат истата судбина доколку Ријад не се прогласи за одговорен.

Тоа ги потсетило на времето кога Гадафи и неговите агенти минувале неказнето поради убиствата на дисидентите кои живееле надвор од земјата.

Некогашниот заменик на Гадафи, Абдел Салам, во 1980 година ја оправда таканаречената политика на џукела (убивање на дисидентите) во еден разговор за италијанските медиуми.

„Луѓето кои побегнале во странство со себе ги понеле работите кои припаѓаат на либискиот народ. Сега тие своето незаконски стекнато богатство го даваат на располагање на опозицијата, која ја предводи Анвар ел Садат (тогашниот егпетиски лидер)“, изјавил Салам во тој период.

Известувачката агенција на Обединетото Кралство MI5 собирала докази дека либиската амбасада во Лондон целела на дисидентите во Британија и открила дека Триполи остро ја критикувал амбасадата затоа што не пукала на демонстрантите кои протестирале пред зградата. Британските членови на парламентот ја повикале тогаш владата да ја затвори либиската амбасада.

Во октомври 1980 година MI5 имала сознанија дека либиската амбасада имала отров во прав со кој имала намера да ги убие дисидентите во земјата. Прва цел биле Фарж Шабан Гесуда и неговата жена Британка, Хедер Клер, на кои им дале кикиритки за кои подоцна се утврдило дека содржеле талиум. Двојката преживеала, но кикиритките биле смртоносни за семејното куче, а и нивните деца претрпеле тешки последици врз своето здравје.

Во Рим биле убиени најмалку четири противници на Гадафи во 1980 година. Во март бизнисменот Мохамед Салем Ртеми е пронајден мртов. Во април уште еден бизнисмен, Абдул Џалил Ариф, е убиен во кафеана.

Во Западна Германија, еден Либиец е осуден на доживотна робија поради убиството на Омран ел Мехдавиј, поранешно официјално лице од либиската амбасада, кој е убиен во трговскиот центар во Бон, во мај 1980 година.

Две години подоцна двајца студенти од Либија во Западна Германија изјавиле дека биле мачени и дека им се заканувале со смрт додека биле заложници во резиденцијата на Амбасадата на Либија.

Гадафи го има проширено своето дејствување и преку Атлантикот. Во октомври 1980 година Фајисал Загалаи, либиски судент на Државниот универзитет во Колорадо во САД, е ранет пред куќата од страна на поранешен специјалец на Зелените беретк“, кој тврдел дека работел за ЦИА.

Ова се само некои од жртвите на Гадафи во текот на неговото долгогодишно владеење. Оние кои преживеале се вратиле во Либија, за да се приклучат на востанието против Гадафи. За време на револуцијата, тие успеале да го заробат и убијат додека тој се обидувал да побегне од својот роден град Сирт на 20 октомври 2011 година.

Scroll to Top