Руското село Даргавс, кое се наоѓа во Северна Осетија, Аланија, е место во кое многумина се плашат да влезат да го посетат. Селото е познато како рускиот „град на мртвите“.
Во него се кријат приказни за стотина необични гробници во кои се погребани над илјадници луѓе. Во прашање е село кое на прв поглед изгледа многу идилично. Доминираат камени куќи изградени во периодот меѓу 14 и 16 век.
Сепак, идиличните куќи всушност се гробници во кои се погребани поранешни жители. Некои куќи имаат само по еден кат, а другите и до четири. За ова место се раскажани многубројни легенди.
Некогаш се верувало дека никој не може да излезе жив откако ќе влезе во Даргавс. Голем број од тамошните жители се разбегале на распостранетиот простор околу селото. Се претпоставува дека и чумата што се појавила во текот на 18 век имала голем удел во бегството на тамошните жители.
Локалното население ги протерале болните жители во камените куќи на брдото, од каде им било забрането да излезат. Затоа денес Даргавс го нарекуваат „градот на мртвите“.
Во гробницата денес можат да се најдат стари парички. Семејствата ги фрлале од брдото во бунар, со надеж дека ќе ја погодат камената плоча, затоа што тоа би значело дека душата на починатиот ќе завршела во рајот.
Даргавс денес никој не сака да го посети. За тоа луѓето велат дека не се виновни разноверијата и локалните приказни, туку фактите дека местото се наоѓа на изолирано место. Од Владикавказ е потребно еден час возење по неасфалтиран пат за да се дојде до него.
Жителите кои го познаваат ова место велат дека и најстраствените авантуристи одбиваат да се приближат до него.